22-годишен Македонец загина во сообраќајна несреќа во Грција

Од:

22-годишно момче од Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово во Грција на Халкидики. Уште едно 21-годишно момче кое било во возилото е повредено и е сместено во болница.

Сообраќајката се случила на патот Полихроно-Ханиоти, кога сега починатото 22-годишно момче, од непознати причини, изгубило контрола над возилото и тоа се превртело.

Возачот, кој според порталот бил на летување на Халкидики, излетал низ шофершајбната и починал на самото место.

Совозачот е префрлен во болницата во Полигиро.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски