21-годишен германски државјанин го веел знамето на „Голема Албанија“ на пречекот на Курти

Од:

21-годишен германски државјанин го веел знамето на „Голема Албанија“ на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово каде домаќин му беше градоначалникот Билал Касами. Ќе му биде поднесена кривична пријава информираше МВР.

– Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично- правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ. По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај

Курти: Косово и Србија мора да ги нормализираат односите

А1он