20 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (23/24 септември) од 23 до 5 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани се 20 возачи(ТЕ-15 и ГВ-5) кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот.

Сите се веднаш исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-1).

СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол затоа што управувањето под дејство на алкохол ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари