20 години од пуштањето во употреба на депонијата „Дрисла“

Од:

Во депонијата Дрисла денеска беа одбележани 20 години од пуштање во употреба на овој еколошки капацитет за Градот Скопје.

Како што соопштија денеска од Дрисла Скопје ДОО, во рамките на одбележувањето на јубилјот бил поставен камен темелник на инфраструктурата за новата постројка за третман на индустриски отпад во вредност од 500.000 евра. Самата постројка ќе биде монтирана во соодветна хала што ќе почне да се гради во рок од три месеци односно од моментот на добивање на одобрението за градба и ќе вреди 3.700.000 евра и ќе биде единствена постројка за третман на индустриски отпад во Југоисточна Европа.

На свеченоста по повод 20-годишнината се обратиле градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општина Студеничани Азем Садику, извршниот директор на ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, а во името на концесионерот на депонијата Дрисла, италијанскиот конзорциум ФЦЛ АМБИЕНТЕ, се обратил претседателот на Собирот на содужници и генерален директор на ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО Доменико Ферацоли.

На јубилејот присуствувале и пратеници во Собранието на РМ, министри, градоначалници на скопските општини, советници во Советите на општините и на Град Скопје, сегашни и поранешни директори на јавните претпријатија и деловни партнери на ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски