20.000 жители на Струшко без комуникациски врски

Од:

Во струшките села од Долни Дримкол-Луково, Нерези, Пискупшина и Безево и во селата Подгорци, Боровец и Лабуништа, 20.000 жители веќе десетти ден немаат сигнал на мобилната и фиксната телефонија, а немале ниту интернет од операторот Т-home.

Селата се оддалечени од Струга на 40 километри и се исклучени од нормалниот живот.

Според информации на А1, проблемот е настанат поради неплатена кирија од страна на мобилниот оператор за репетиторот, кој е поставен на приватен имот на 1300 метри надморска височина над селото Богоици.

Месната заедница на селото од Т-home очекува да ги исплати парите од по 200 евра месечно за изнајмување на просторот. Пред десет дена престанал да работи и агрегатот за репетиторот, но екипите не можеле да стигнат до репетиторот зашто требале да поминат преку три ниви, а мештаните не ги пуштаат додека не платат киријата.

Поради ова околу 20.000 жители на струшко се жалат дека останале без комуникација со полиција, со брзата помош, а вработените во T-home не давале инфорамција кога ќе биде решен проблемот.

 

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга