2-годишно дете тешко повредено во сообраќајка кај Лозово

Од:

Двегодишно дете е тешко повредено кога возилото со кое било превезувано излетало од коловозот и удрило во бетонски столб на магистралниот пат во близина на Лозово.

Полицијата соопшти дека сообраќајната незгода се случила вчера околу 12:30 часот во близина на Лозово, во правец од Велес-Штип. Автомобил „Тојота Јарис“ со скопски регистерски таблици управуван од Ч.Ц.(72) од Скопје излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Во незгодата тешко било повредено двегодишното дете кое по укажаната лекарска помош во болницата во Штип е префрлено во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он