Пандов: Стевче Јакимовски се обидува да го ситни отпорот кон предавниците

Од:

Кој го ситни отпорот, поточно кој се обидува да го ситни отпорот кон предавнициве? Стевче Јакимовски! Не му чуе нему ни за бугарски договор, ни за француски предлог, уште помалку за протоколите, а со тоа и бугаризирањето на Македонија. Главен проблем му е што не добил јавно претпријатие во градот Скопје и одреден број места по управните одбори низ градот, напиша на својот фејсбук профил Александар Пандов.

Пандов наведува дека тоа е причината што Стевче не дојде на сенародниот протест на 18.06, каде ќе го слушнеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како професорски им ја демонтира заверата на предавниците кон македонскиот народ и воедно ги предупреди на отпорот кој следи!

„Беа потребни да поминат само неколку дена, а неговите предупредувања да се остварат и на секого во Македонија да му стане сосема јасно или да бидам попрецизен, на над 80% од народот, но не и на Стевче. Излегуваме на протести пред влада на 22, 23 и 24 јуни, Стевче го нема!

И покрај високите температури и годишните одмори веќе наредната недела народот предводен од претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски, но и од претседателите на Левица, Димитар Апасиев, Социјалистичка Партија, Љупчо Димовски и Демократска Партијата на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, секојдневно маршираа по скопските улици и сплотени и обединети извикува: Ултиматум, Не благодарам, Стевче повторно никаде го нема. Додуша има сведоци кои тврдат дека еден ден се појавил, некој велат дека дури и два пати дошол и толку!

Оттука да обвинуваш некого кој 20 дена поминал по улици протестирајќи, а ти само два, најблаго кажано е неморално и нечесно.

Македонскиот народ и Македонија се соочени со најголемата опасност по нивниот опстанок и постоење! Ако бидеме обединети против предавниците ќе ги победиме.

Премногу е ниско и мизерно било кој, та бил тоа и Стевче Јакимовски, оваа борба да ја сведе на лечење фрустрации и суети за едно директорско место или неколку членови по управни одбори“, стои во објавата на фејсбук страната на Пандов.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Актерот Вељановски се направи експерт дури и за канализации

Горан Наумовски

ГРОМ: Нотарските изјави од пратениците, Мицкоски веројатно ќе употреби како тоалетна хартија

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Па видете го човекот, тој сака или да умрам, или да бидам во затвор

А1он

ГРОМ ја раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Јакимовски: Јас знам да работам под притисок, немам намера да се конфронтирам

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Јакимовски не се чувствува виновен за злоупотребите за кои се гони: Во мој интерес е брза пресуда

Кристијан Ландов