192 сообраќајни прекршоци во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за возач почетник, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Камерата сними куче како пребрзо вози автомобил

Предраг Петровиќ

Откриен предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа во Скопје, за половина час сторил три кривични дела

Санкционирани 177 возачи од кои 37 за брзо возење во Скопје

276 санкционирани возачи во Скопје, 109 за брзо возење

174 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

121 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење