19-годишно момче почина во сообраќајка на патот село Горобинци – Свети Николе

Од:

Утрово околу 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво.

Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он