19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајка

Од:

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, денеска, по полноќ во 00:50 часот било пријавено дека на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот И. М. од Гевгелија, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот, 19-годишниот И. П. од Гевгелија, а со повреди се здобиле И. М. и сопатникот В. С. од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар