186 казнети возачи во Скопје, 21 без возачка

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он

(ВИДЕО) Уапсен е гостиварец кој со „ролс-ројс“ возеше 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

А1он

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Mакедонски државјанин на автопатот кај Ниш возеше со 214 километри на час – плати казна од 850 евра

А1он

(ВИДЕО) Германец „леташе“ со 238 км/ч на автопат во Србија

А1он

(ВИДЕО) Возеше пијан со 200 км на час – заработи пријава

А1он