Колку чини да се храните здраво според рецептите на Владата? Зедовме неколку рецепти од спотовите на кампањата на Владата со која ја промовира здравата исхрана.
Ако не ги правите сами, од три вида брашно, како што се препорачува во спотовите на Владата за здравата исхрана, 500 грама домашни јуфки во продавница чинат околу 100 денари. На владините спотови, наместо обични домати гледаме дека јадењата се подготвуваат со „чери“ домати кои чинат двојно повеќе од другите „обични“ сорти домати, меѓу 100 и 120 денари за килограм. Освен овие луксузни домати, за подготовка на буквално сите јадења се употребува ладно цедено маслиново масло, кое, во нашите продавници половина литар – чини меѓу 200 и 260 денари зависи од која марка. Инаку половина литар масло за секојдневните оброци на едно семејство му е доволно за една седмица.
100 грама лупени семки од тиква чинат 30 денари. За подготовка на здрав леб се употребени пченкарно, ’ржано и пченично брашно, сите чинат во просек по 50 денари за килограм. Китка рузмарин чини 30 денари, приближно исто чини и една китка босилок.
Ако ги купите сите три вида брашно потребни за лебот и за здравите владини јуфки, за еден леб и за една порција јуфки вкупно треба да се издвојат околу 600 денари плус тиквичките, лукот и зелената пиперка за прилог со јуфките.
Една порција владини јуфки:
[column size=”2-3″ style=”0″ last=”1″]
[table caption=”Вкупно околу 360 денари” width=”500″ colwidth=”20|100|50″ colalign=”left|left|center|right”]
,,Цена
500 грама, домашни јуфки купени во продавница,100 денари
Половина литар,ладно цедено маслиново масло,200 денари.
Половина килограм,„чери“ домати околу,60 денари.
,пиперки+лук+тиквички,
[/table]
[/column]
Здрав Леб од владините спотови:
[column size=”2-3″ style=”0″ last=”1″]
[table caption=”Вкупно околу 369 денари” width=”500″ colwidth=”20|100|50″ colalign=”left|left|center|right”]
,,Цена
500 грама,пченкарно брашно,50 ден.
500 грама,’ржано брашно,39 ден
500 грама,интегрално пченично брашно,35 ден.
0.5 литри,ладно цедено маслиново масло,205 ден.
,семки од тиква и семки од лен,40 ден.
[/table]
[/column]
Ако претпоставиме дека оваа количина производи се доволни да се направи леб за 5 дена и ако се претпостави дека едно четворочлено семејство еден леб јаде за еден ден тогаш ако сака да се храни според препораките на Владата, само за леб месечно едено семејство ќе треба од домашниот буџет да издвои 2340 денари. За споредба доколку едно семејство купува еден леб што чини околу 25 денари, месечно за овој основен производ ќе потроши околу 750 денари месечно.
Вкусно изгледа и владиниот рецепт за специјалитет од вргањ. Ако сами не отидете во планина да барате и собирате печурки, ќе треба да го купите од продавница по цена и пет пати поголема од откупната. Освен печурки потребни се и: 500 грама различни видови домати, 2 пиперки, 1 краставица, кромид и лук, ладно цедено маслиново масло, вино и оцет
За шницлите од вргањ потребно е најмалку половина килограм свежи печурки вргањ, бело вино и маслиново масло – производи што не само кај нас, туку секаде во светот се сметаат за најлуксузни. Подготвувањето на овој оброк според владиниот рецепт ќе чини околу 1000 денари за двајца.
Здрав ручек по рецепт на владата
[column size=”2-3″ style=”0″ last=”1″]
[table caption=”Вкупно околу 900 ден.” width=”500″ colwidth=”20|100|50″ colalign=”left|left|center|right”]
,,Цена
500 грама,вргањ,500-600 ден.
0.5 литар,литар ладно цедено маслиново масло,205 ден.
1 литар,најефтино бело вино,100 ден.
1/2 килограм,пиперки,25 ден.
1 литар,оцет вински,40 ден.
,краставица +лук + кромид,
[/table]
[/column]
Ова јадење ќе чини и повеќе доколку се користи поскапо вино.
Ако се земат само овие два рецепти, за еден семеен ручек без супа и здрав десерт од овошје, односно само лебот и шницлите од вргањ со прилог, едно четворочлено семејство ќе го чини околу 1800 денари (70 денари лебот и 4 порции вргањ).
Според последните податоци од Заводот за статистика просечната македонска плата во август 2014 година, во Македонија изнесува 21 217 денари и е една од најниските во регионот.
А.Б.