17-годишно момче загина во сообраќајна несреќа во Струмица

Од:

17-годишник го загуби животот во сообраќајна несреќа во Струмица во кој се судриле мотоцикл на кој тој бил сопатник и автомобил „бмв“. Момчето починало на местото на несреќата, смрт констатирал лекар од итната помош.

Моторот го упавувал 17-годишник кој пак е со тешки телесни повреди во струмичката болница.

– На 27.07.2023 во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица, информира МВР.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар