15-годишно девојче од Прилеп паднало во провалија

Од:

Вчера во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на местото викано „Чуле” на Селечка планина, атар на село Селце, прилепско, 15-годишно девојче од Прилеп паднало во провалија и се здобило со повреди.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.

Во разговор со полициските службеници девојчето изјавило дека при пешачење се лизнало и паднало во провалија. За настанот е известен и Јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски