Намален бројот на сторени убиства во првите седум месеци во државава

Од:

Намалување на убиствата во државава бележи Министерството за внатрешни работи во првата половина на 2020 година. Според нивните статистики, во првите седум месец од оваа година, регистрирани се седум случаи за кои сторителите се гонат за сторено убиство, додека минатата година, имало тринаесет случаи. Од убиствата сторени годинава, пет се со познат, а две со непознат сторител.

„Се бележи значително намалување од 46,2 проценти во однос на истиот период минатата година. Пријавени се девет сторители, а минатата година тринаесет сторители. Регистрирани се осум жртви, додека минатата година имаше четиринаесет“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Во изминатиот период, полицијата расчисти и две убиства кои се сторени изминатата година. Меѓу нив и убиството кое се случи пред Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде син во семејна расправија го уби својот 55-годишен татко.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он