143 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Од:

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи.

Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Германец „леташе“ со 238 км/ч на автопат во Србија

А1он

(ВИДЕО) Возеше пијан со 200 км на час – заработи пријава

А1он

Државјанин на БиХ со хрватски „мерцедес“ возеше над 207 км на час на пат во Србија

А1он

Уапсен е штипјанец – со „бентли“ возеше 143 километри на час на пат каде е дозволено 50

А1он

Дозволено е 80, а тој возеше со 190 километри на час – уапсен е тетовец

А1он

Гостиварец „летал“ со 173 километри на час, од МВР заработи кривична