136 Роми заинтересирани за медицински студии

Од:

136 Роми пројавиле интерес да се образуваат во областа на медицината. Толку се јавиле на Конкурсот за медицински стипендии за Роми за учебната 2012/2013 година, објавен од Фондацијата отворено општество Македонија.

Ова е дел од Програмата за јавно здравство на Фондацијата отворено општество Македонија, која во континуитет се реализира три години.

Целта на програмата е преку обезбедување на поддршка за медицинско образование, менторство и обука за здравствено застапување и комуникациски вештини, да се овозможи зголемување на бројот на Роми со завршено медицинско образование и нивно активно вклучување во креирањето и имплементирањето на здравствените политики, што воедно ќе придонесе кон унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите.

Финансиските средства за оваа програма се обезбедени од Ромскиот образовен фонд и Програмата за здравјето на Ромите, Фондација отворено општество, Будимпешта. Во Македонија, програмата ја имплементира Фондацијата отворено општество Македонија.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска