Советот за радидифузија предупредува дека 13 телевизии и радио станици недозволено емитувале реклами платени од државниот и од буџетот од локалната самоуправа, по распишување на локалните избори.
Мониторингот на Советот бил спроведен на 12, 13 и 14 јануари врз телевизиите МРТ1, МРТ2, Собраниски канал, Макпетрол ДООЕЛ, Скај Нет, Сонце, МТМ, БТР, Радио Канал 77, Ера, Амазон, 24 Вести и регионалниот сервис на Алфа.
СРД, сепак нема ги казни туку само да ги опомене, бидејќи недозволено рекламирање имало само еден ден по распишувањето на изборите, што според Советот е знак дека станува за неинформираност на медиумите.
„Ограничувањата се прецизни, но со оглед на тоа што поголемиот дел од телевизиите го направиле прекршувањето само првиот ден, верувам дека се работи за нивна недоволна информираност, што го потврдува и фактот што понатаму престанале. Предлагам да не одиме со прекршочна мерка иако е предвидено, туку да одиме со укажување“, рече заменик претседателот на СРД, Милаим Фетаи
Од Советот апелираат уредниците на медиумите да бидат внимателни бидејќи се предвидени високи казни и за нив и за радиодифузерите.