13-годишно момче повредено во сообраќајка во Скопје

Од:

Тринаесетгодишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа вo 20 часот на крстосница од булеварот „Никола Карев“ и улицата „362“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје, а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје. Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

По незгодата, Л.А. се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

За сообраќајната незгода известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он