По објавувањето на резултатите за локалните избори 2013 година, ставот на Движење на Национално Единство на Турците и официјалните резултатите се следните:
„Изборите поминаа во недемокартски дух со заплашувања и закани. Изборите кои треба да преставуваат празник на демократијата за жал можеше да се забележи страв и несигурноист. Гласовите тајно се купуваа од државните службеници заканувајќи им се и заплашувајќи ги со нивните работни места. Додека во изборните едници, пред гласчките кутии им се сугерираше на граѓаните за кого да гласаат. Според нашите набљудувачи особено по руралните средини владините партнери ова го правиле јавно пред сите. Семејни гласања, еден гласач гласал за 10 души, непостоењето на имињата на граѓаните во избирачките списоци или повредувајќи го уставното право на граѓанинот каде што не му било дозволено да гласа преставува прекршување и на демократските и на изборните права и закони. Затоа ние не се согласуваме со констатирањата на меѓународните посматрачи дека локалните избори поминале фер и демоктарски. Владата искористувајќи ги можностите на државата директно влијаеше на изборниот процес и слободно може да кажеме дека се направени голем прој измами при гласање. Поради ваквите измами премиерот кога тогаш ќе мора да превземе одговорност. Особено и Турците во Македонија се соочуваа со овој проблем, кои не можеа слободно да си го искажат своето мислење во процесот на гласање. Покрај ова Движење на Национално Единство на Турците заедно со здружената опозиција поради притисоците од европската заедница и да не се повреди меѓународниот угледот на Македонија решивме да учествуваме на изборите. Поради ова и се доцнеше со изборната кампанја. Движење на Национално Единство на Турците заедно со Социјал демократскиот сојуз, со зеднички советнички листи учествуваше во 18 општини. Додека на три места е носител на советнички листи. Конечните резултати се следните:
Во Валандово на советничката листа под бр. 4 Ахмед Алилов успеа да влезе во советот на општината. Во општина Долнени Сибел Дураковска со реден бр.2 истотака е избрана kako советничка. Додека во општина Кабринци Сулејман Идриз под реден бр.5 за 11 гласа помалку не успеа да влезе во советот на општината.
Додека во местата каде што учествувавме со свои советнички листи резултатите се следни:
Во Жупа освоивме најмногу советници. Со 1197 гласа освоиме 4 советнички места кадешто Турската демократска партија заостанува со 150 гласа. Додека градоначаникот кој ја подржуваше Движење на Национално Единство на Турците, ја изгуби битката за градоначалник за 120 гласа помалку. За жал Турската демократска партија здружвајќи се со други не турски партии стана алатка за не избирање на градоначалник Турчин, од редовите на турските партии. Турците од Жупа се здружите во Движење на Национално Единство на Турците така што со 503 гласа го избраа Др. Ајредин Ќамиловски кој беше носител на листа и воедно преставува рекордна бројка на гласови во Дебар за еден советник.
Во Гостивар носител на листа беше Вејсел Сарач кој за жал со освоени 803 гласа не успеа да влезе во советот на општината. Всушност во Гостивар од 85 гласачки кутии излгоа 400 гласчки ливчиња кои беа неважечки за Движење на Национално Единство на Турците. Ова не го сметаме како невнимание на гласачите туку како вештина на мамење на тие што се занимаваат со оваа работа. Движење на Национално Единство на Турците разгледувајќи ги сите услови и проценувајќи ја ситуацијата во последен момент се откажа приговор. Турската Демократска Партија која на локалнте изборите во 2005 година освои 4 советнички места , денес поради водење на погрешна политика, повредувајќи ги моралните вредности на турскиот електорат во Македонија, насочувајчи се само кон своите лични интереси, оваа бројка падна на две советнички места. Со намалување на бројката на преставници Турци се губи и силата. Свесни сме дека опоравувањето од оваа штета долго ќе трае, бидејќи како што вели турската поговорка „ свеќата на измамикот гори до ноќ„. Истотака во 2009 на локалните избори и оваа година градоначалникот на општина Пласница беше подржуван од нашата партија кој и овие избори повторно е избран. Воедно Движење на Национално Единство на Турците освои две советнички места во општина Пласница. Во оваа општина Турската демократска партија по втор пат е поразен“, пишува во соопштението на Движење на Национално Единство на Турците.