123 функционери на СДСМ и на ДУИ кријат имот од 30 милиони евра обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

123 функционери на власта, од СДСМ и од ДУИ кријат имот вреден 30 милиони евра рече на прес конференција пратениот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Тој вели дека поседуваат список на кој има куќи, станови, викендици, деловни простории кои се скриени од очите на јавноста.

– На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции.Пет години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра. Ги поседуваме сите детали.Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција. Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити вели Петрушевски.

Според него институциите како комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, кои се формирани за спречување на ваквите дејанија, практично се соучесници во шемата која ја креира власта и се нивни заштитници.

– Сметаме дека се работи за ново злосторничко здружување и организирано криење на имоти. Антикорупциската комисија е должна да води точна прецизна и навремена евиденција за поднесување на анкетните листови од страна на функционерите, кои имаат обврска во рок од 30 дена од нивното именување да поднесат анкетни листови. Треба да се постави и прашањето зошто антикорупциската постои ако точно 123 лица функционери го кријат својот имот. Законскиот рок од 30 дена е пробиен со месеци, а од власта на СДС молк и заштита на нивните партиски пиони смета Петрушевски.

ВМРО-ДПМНЕ дава рок од 24 часа институциите сами да ги објават имињата, во спротивно од утре ќе ги објавувува поединечно заедно со имотот кој го кријат.

Петрушевски најави и дека ќе биде побарана и проверка на потеклото на имот, зошто како што рече тајниот имот е таен поради одредени причини, а најголемата е дека истиот би можел да е нелегално стекнат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наместо префрлање на топката од ДКСК на Владата, власта нека започне со разрешување на 120-те функционери

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петрушевски: Претседател и членови на комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР не поднеле анкетни листови, а одлучуваат за милиони

Горан Наумовски

Ковачевски за аферата „Тајни имоти“: Јас немам сознанија, сè што имаат нека достават до Антикорупциска

Маја Илиевска-Пачемска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институции

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да не учествува во криминал и да антидатира анкетни листови на луѓе од власта на СДС

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петрушевски: Нови детали од аферата „Тајни имоти“, се кријат градежни фирми, станови, куќи и скапи возила

Ана Ололовска