121 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода пијан возач поради „безобѕирно управување со моторно возило“

Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

Гостиварец „летал“ со 173 километри на час, од МВР заработи кривична

Откриен предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа во Скопје, за половина час сторил три кривични дела

Санкционирани 177 возачи од кои 37 за брзо возење во Скопје

276 санкционирани возачи во Скопје, 109 за брзо возење