Една година по шокираноста од затворање на опозициската телевизија А1 и неколку водечки национални дневни весници, „Репортери без граници“, ја повторува својата длабока загриженост за слободата на информирање во Македонија, стои во официјалниот извештај.
„Земјата влезе во зона на турбуленција на која не и се гледа крајот. Медиумите се појавуваат и исчезнуваат нез никаква пазарна логика. Новинарите и натаму работат во услови на економска небезбедност во медиуми финансирани од нејасни извори. Ова, се случув а во состојба на напнатост меѓу Македонците и Албанците, а двете пја зголемуваат загриженоста во врска со слободата на медиумите , тоа се одземање на лиценцата на А2 ТВ и недостатоци во законот за декриминализација .
„Причините дадена од страна на Советот за радиодифузија за одземање на лиценцата на А2 беа апсурдни и нечесни”, е ставот на Репортери без граници.” Ова, стои во ставот, само го зголемува сомневањата околу независноста на Советот, кој беше ставен под контрола на владата по реформите во јули 2011 година.”
„По шест месеци на интензивна дебата, власта и Здружението на новинари постигнаа договор за предложените законски реформи за декриминализација на клеветата. Нацрт-законот ќе биде разгледан од страна на Советот на Европа и ќе биде предмет на јавна дебата пред да бидат доставени до Собранието на Република Македонија.Предлогот за легализација на медиумските прекршоци е голем напредок, но тоа во голема мера ќе има негативни ефекти поради големината на паричните казни кои се замена за затворската казна“, е ставот на „Репортери без граници“.
Европската унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Европскиот суд за човекови права нагласуваат дека казните наметнати за навреда и клевета мора да биде пропорционални инаку лошо платените новинари не ќе бидат способни да се борат против широко распространета самоцензура ако се соочуваат со можноста за казна која е десет пати поголема од големината на нивната просечна месечна плата.
„Репортери без граници“, го повикува Советот на Европа да побара Македонија да обезбеди , висината на казните да бидат пропорционални со способноста на новинарите и медиумите да ги платат.