Студенти од УКИМ: Корупција има, но не пријавуваме

Од:

Цели 39 % од студентите на УКИМ имале директно искуство со поткуп, најчесто со условот да купат книга од професорот за поголема оценка.
Централен проблем , според нив е недоволната инволвираност на студентите во процесот на носењето одлуки. Најмалку 22% од студентите биле директно изложени на непотизам како: влијание на професорите во процесот на уписи или добивање повисока оценка или положување испит врз основа на познанство.

„Студентите од УКИМ имаат волја за промени, но немаат поддршка од институциите“, рече Петар Димитров од МОФ
Студентите се свесни за корупцијата но не ја пријавуваат бидејќи најголем дел од нив сметаат дека не би промениле ништо со тоа додека 21% се плашат од одмазда.

Податоците се изготвени од Младински образовен форум (МОФ) , кој денеска ги претстави претстави резултатите од истражувањето за корупцијата во високообразовните установи. Истражувањето ги опфаќа најголемите високообразовни институции од Македонија, Србија, Хрватска, Молдавија и Бугарија и е спроведено во рамките на Антикорупциската мрежа во Југоисточна Европа.
Како споредба, ако на УКИМ 39 % од студентите имале директно искуство со поткуп, во Загреб само 9.9% од студентите се соочиле со ова искуство.


Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Индекс на перцепција на корупцијата: Македонија на 88 место заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија