10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден

Од:

Едно лице било потешко повредено во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет незгоди биле полесно повредени шест лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и четири лица неправилно се престроиле. Од сообраќај биле исклучени вкупно 10 лица: двајца под дејство на алкохол, шестмина пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и двајца возачи почетници. Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 возачи кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 79 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 91 возило.

Одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он