10% од студентите даваат поткуп за испит, 50% мамат за време на студиите

Од:

Околу 10 отсто од студентите на Универзитетот во Белград дале пари за да го положат испитот, секој втор мами за време на студиите, а 20 проценти од нив имаат директно искуство со ситуацијата во која професорот дава повисока оценка поради врска, покажува најновото истражување на Белградската отворена школа (БОШ).

Во Белград, Пловдив, Скопје и на Универзитетот во Молдавија студентите слично ја оцениле распространетоста на поткупот на своите факултети. Околу 20 отсто изјавиле дека поткупот е широко распространета појава, со тоа што во Загреб тоа е значително помалку, под пет проценти.

Меѓународното истражување е извршено во текот на минатата година во соработка со Антикорупциската студентска мрежа во Југоисточна Европа, и тоа на пет водечки универзитети во Хрватска, Молдавија, Македонија, Бугарија и Србија, на примерок од 3.463 студенти, изјави претставникот на БОШ Михаило Гајиќ.

Секој втор студент во Скопје смета дека непотизмот е многу широко распространет на неговиот факултет, а речиси члетири до 10 студенти во Белград го имаат истото мислење.

– Токму универзитети од овие два града „водат“ во директното искуство со непотизмот, пристрасноста, при уписот на факултет, истакнува Гајиќ.

Во Белград околу 20 отсто од студентите купуваат книги од професорите за да добијат повисока оценка, во Пловдив речиси 30 отсто, во Скопје околу 40 проценти, Загреб околу 10, а во Молдавија малку повеќе од 15 проценти.

Истражувањето покажало дека студентите се толерантни кон одредени коруптивни појави.

Мамењето на испити најмногу е застапено во Загреб (дури 75 проценти), потоа во Пловдив (околу 60 отсто), Белград (околу 50 отсто), Скопје (помалку од 50 проценти) и Молдавија (околу 45 отсто).

Како главни проблеми со кои се соочува универзитетот, студентите ги наведуваат неодговорниот став на професорот кон наставниот процес, слабо опремените факултети, недоволната комуникација професор-студент и исклученоста на студентите од процесот на донесување одлуки.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска