ВИДЕО: 10-месечено бебе изгоре во пожар

Од:

Десетмесечно бебе подлегнало на повреди здобиени од пожар кој избувнал во импровизирано живеалиште во билизина на Гостивар. Во моментот на пожарот детето било само, а мајката и другото дете биле излезени.

Според СВР Тетово, утрово околу 9 часот и 30 минути бил пријавен пожар, кој претходно избувнал во импровизирано, субстандардно живеалиште (барака), лоцирана покрај локалниот пат Гостивар-Митрови Крсти, во близина на старата депонија Сушички мост. По интревенцијата на на пожарникарите кои биле повикани, било констатирано дека во опожарената барака останало дете кое по локализрање на огнот го нашле без знаци на живот.

Од првичните сознанија на полицијата, настраданото десетмесечно машко дете живеело со неговата малолетна мајка Е.Д. (16) која е од Велес и уште едно поголемо дете. Неофицијално причина за опожарувањето на објектот направен од даски, картони и ламарина, нејверојатно е импровизарана печка која ја затопливало просторијата во која било детето.

Екипа од Полициската станица Гостивар, истражен судија и јавен обвинител извршиле увид и работат на утврдување на околностите во кои избувнал пожарот.

Би можело да ве интересира

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни