10-годишно дете прегазено во сообраќајка во Ѓорче Петров, жителите се собираат на протест

Од:

Во сообраќајка што се случила вечерва во 19:13 часот на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е повредено дете на возраст од околу десет години, потврди МВР.

Случајот е пријавен во Единицата за информации и команда на Град Скопје.

Според првичните информации, во детето удрило возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Детето е веднаш пренесено во Ургентниот центар, но се уште не се знае видот на повредите.

Полицијата за А1он потврди и дека во моментов група граѓани се собираат пред училиштето, во знак на протест.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он