По 10.000 денари за 50 талентирани спортисти од Општина Аеродром

Од:

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, вчера во спортскиот центар „Ново Лисиче“ на 50 талентирани спортисти од Општина Аеродром им доделија пофалници за високи достигнувања во областа на спортот.

Секој од нив добива и еднократна парична помош во износ од по 10.000 денари од Општината.

„Од сè срце ви ги честитам сите досегашни достигнувања. Токму вие, со вашиот талент, дух и желба за напредок придонесувате за развој на спортот во нашата општина“, изјави градоначалникот Марин.

Оваа мерка е признание за досегашните успеси на младите и поттик за понатамошен развој.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи