Нетанјаху: Војната против Иран можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на САД и Израел против Иран би можела да потрае „извесно време“, но дека нема да трае со години.

Воздушната војна на САД и Израел против Иран почна со напади врз Техеран во саботата, во кои беше убиен иранскиот врховен водач Али Хамнеи, што поттикна иранска одмазда против Израел и ракетни напади врз арапските земји со американски воени бази низ Блискиот Исток.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично процени дека војната ќе трае четири до пет недели, но додаде дека би можела да потрае и подолго.

Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како претходните војни во регионот.

– Реков дека би можела да биде брза и одлучна. Можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години. Тоа не е бесконечна војна, рече Нетанјаху во емисијата „Hannity“ на Фокс Њуз.

Нетанјаху изјави дека на војната гледа како на можност за траен мир на Блискиот Исток, вклучително и меѓу Израел и Саудиска Арабија.

Tој кажа дека војната на САД и Израел против Иран создава услови иранскиот народ да ја собори својата влада.

– Секако, на крајот останува на народот на Иран да ја промени владата, но ние создаваме – Америка и Израел заедно создаваме – услови тоа да го направат – рече израелскиот премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да го напаѓа Иран со „полна“ сила за да го „искорени режимот“

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел ќе ги засили нападите врз Иран и Хезболах

Нетанјаху на местото на нападот во Беит Шемеш: Иран може да го загрози целото човештво!

А1он

Иранците ја нападнаa канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху, не се знае каде е израелскиот премиер

Горан Наумовски