(ВИДЕО) Тепачка на Водно: инвеститор му удрил бокс на сосед оти се пожалил дека му ги искинале каблите за телевизија

Од:

Со боксови и полиција завршила караница на Водно на улицата Партениј Зографски, над школото „Кочо Рацин“ кога сосед се пожалил дека градежници, расчистувајќи терен за нова градба, му ги искинале каблите за телевизија. Човек, кој се претставил како инвеститор, го нападнал соседот што се пожалил, прво со зборови, потоа му удрил бокс, а и соседот му вратил во иста мера.

Боксирањето е последниот од низата настани последниве три месеци поврзани со најавената изградба на нова петкатница на улицата Партениј Зографски, против која се сите соседи.

„Ова е само една област која ни ја узурпираа, ни влегоа во приватните животи, не застрашуваат и се плашам дека зад овие луѓе стојат некои многу позначајни фигури“, вели нападнатиот сосед, Зоран Костовски.

Новиот објект, соседите обвинија дека ќе се гради во приватизиран двор на кој сегашните сопственици немале право на користење, но успеале да го откупат од државата, па затоа се сомневаат на сомнителна документација и криминогени работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно