Зимница и органски производи на „Агрофуд 2015“

Од:

Македонска зимница и органски производи исклучиво од македонски производители ќе бидат во фокусот на „Агрофуд 2015“ што ќе се одржи од 1 од 4-ти октомври на Скопски саем.

Како што соопштија организаторите, ќе има и богата понуда на традиционални производи од ДИЕМ-ГП, Випро, Бонум, Best Food, Млекара Ѓорѓиев, Ука Комерц, Суна Минерална вода,…

– На годинашниот Меѓународен саем за широка потрошувачка новитет се органските производи: оригано, медицински билки, аронија,…, како и други органски растенија и билки одгледани по најстрогите законски стандарди, изјави проект-манаџерот на Скопски саем Магдалена Хамбова.

На изложбено-продажните штандови, освен храна, пијалаци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.

Влезот на „Агрофуд 2015“ ќе биде бесплатен.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски