Жени-земјоделки од Соколарци набавија високостелни јуници вредни над 10 милиони денари

Од:

Измената на мерката која ја направивме заедно, на барање и во интерес на сточарите, дава резултат. Минатиот месец во селото Логоварди беа набавени 159 јуници, а денеска сме сведоци на уште една набавка на 96 јуници во селото Соколарци во вредност од над 10 милиони денари. Ме радува фактот што носители на апликацијата се две жени кои се носители на земјоделски стопанства, што значи дека мерките за развој на земјоделството допираат и до руралните жени кои сéповеќе се охрабруваат да водат земјоделски стопанства, да аплицираат и да ги користат мерките од програмите, изјави ресорниот министер Трајан Димковски.

Димковски, во придружба на директорот на Платежна агенција, Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев го посети објектот во Соколарци во кој се сместени 96-те високостелни јуници со висок генетски потенцијал, набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.

Според Димковски, Министерството за земјоделство со своите политики овозможува прогрес во сточарството, млечната индустрија и економијата во целост.

-Јас лично и министерството со кое раководам, ги слушаме и ги почитуваме барањата и идеите за подобрување искажани од нашите земјоделци. Доказ за тоа е измената на мерката 1.2.1 која ја направивме заедно, на барање и во интерес на сточарите, за да можат да набавуваат добиток под нивни услови. Измената овозможи да се постигне огромен успех во набавка на 1529 грла, што е рекордно голем број на набавка на високостелни педигрирани јуници. Веќе ги гледаме резултатите на терен, напомена Димковски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп