Зголемени трошоците на живот во јануари

Од:

Трошоците на живот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јануари е зголемен за 0,3 проценти во споредба со декември минатата година.

Државниот завод за статистика денеска објави дека пораст на трошоците има во групите Ресторани и хотели за 3.2 проценти, Здравје за 0,8 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,6 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун за 0,5 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,3 проценти и кај Облека и обувки за 0,1 процент.

Намалување е забележано во групите: Рекреација и култура за 1,2 процента, Транспорт за 0,8 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации за 0,4 проценти и Останати стоки и услуги за 0,1 процент.

Во однос на јануари 2012 година трошоците на живот се зголемени за 3,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски