Зголемена продажбата на нови товарни возила

Од:

Распределбата на  ЦЕМТ дозволи со Еуро 6 стандард за домашните превозници ја зголемува продажбата на нови транспортни товарни возила со тој стандард, велат застапниците на производители на камиони, кои се претставуваат на третиот Саем за транспорт и логистика, што се одржува од денеска  на Скопскиот саем.

Според Ванчо Чичаковски, претставник на компанијата „Волво“ во Македонија,  поради моделите со Еуро 6 стандард од почетокот на годината продажбата е зголемена за 40 проценти.

– Економската криза кај транспортните фирми  влијае на нивните договори на транспорт, но повеќе се обрнува  внимание на ЦЕМТ дозволите. За разлика од лани, оваа година продажбата е зголемена  за околу 40 проценти. Причина е доаѓањето на стандардот  Еуро 6, како и тоа што имаме нов модел што го промовираме веќе две години,  изјави Чичаковски.

Моментно, информира, од вкупната продажба, околу 60 проценти се нови возила со оглед дека со стандардот еуро 6 се уште нема половни. Гледано низ годината соодност на продажбата на нови и стари возила  е педесет-педесет.

Борче Арсовски, директор на „Каргомакс“ Скопје, компанија застапник на италијанската корпорација „Ивеко“, очекува да се намали интересот за купување половни возила и поради запазување на европските стандарди да се зголеми набавката на нови.

– Факт е дека во изминатите години продажбата е во опаѓање и  во Македонија и во регионот, но се надеваме дека со излегувањето на новите мотори  Еуро 6 продажбата ќе оди во нагорна линија  затоа што транспортерите во Македонија  сакаат да го запазат трендот во Европа и има се поголем интерес за овој тип возила, изјави Арсовски.

Со очекувања за зголемување на продажбата е и Љупчо Андрески, менаџер за продажба на возила на ДМ транс, претставник на ДАФ тракс МВ Холандија.

–  Минатата година имаше возила со Еуро 5 стандард, а сега веќе почна продажбата  со Еуро 6. Автоматски како возила ги нема и  мора да се купуваат нови. Сите  очекуваме да се зголеми продажбата многу повеќе  во однос на минатите години, рече Андрески.

Во изминатиот период поради  глобалната економска криза, укажа, фирмите се повеќе се одлучуваа за поволни возила  кои ги увезуваат од западните земји, но се надеваме дека тој тренд ќе опадне, а ќе се  зголеми набавката на нови.

Министерството за транспорт за годинава првпат распредели ЦЕМТ дозволи со Еуро 6 стандард, а според најавите, бројот на дозволи со тој стандард во иднина ќе се зголемува, а ќе се намалува за останатите стандарди.

На третиот Саем за транспорт – товарни возила, што ќе трае до 31-ви овој месец, се присутни брендовите Волво, Сканиа, Ивеко, МАН, Отокар, Мерцедз бенз, Сетра,… На надворешниот изложбен просторна Скопскиот саем, на вкупна површина од 2.500 метри квадратни, се претставуваат импортери на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.

Работното време на саемот е 10 до 18 часот, а влезот е бесплатен. Од Скопски Саем очекуваат од 8.000 до 10.000 посетители. Партнер на манифестацијата е СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он