Во трговијата на мало во декември 2015 во однос на декември 2014 година прометот бележи пораст кај непрехранбените продукти, освен горивото за 13,1 отсто номинално и 8,6 отсто реално, објави Државниот завод за статистика.
Зголемување е забележано и кај трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 6,3 отсто, а реално за 6,2 отсто, додека намалување е забележано во Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 1,2 отсто, а реално за 0,4 отсто.