Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ упати апел до Владата и Собранието на РС Македонија

Од:

По повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, го упатува следниот апел до Владата и Собранието на Република Северна Македонија:

Ние сме гласот на 10 илјади луѓе вработени во секторот игри на среќа. Нема да дозволиме да бидеме жртви на политички мотивирани законски измени. Згрозени сме од хајката која се води против нас подолг период. Некои партии треба да престанат пред секои избори да се обидуваат да ловат политички поени со нашите судбини. Јавноста треба да земе предвид дека со оваа дејност не се занимаваат некои наводно бесчувствителни профитери, туку луѓе од крв и месо, кои се активни чинители во ова општество. И ние сме родители, најчесто на малолетни деца и никогаш не би се согласиле да бидеме дел од нешто што ги прави нив потенцијални жртви. Во автомат клубовите одамна се имплементираат сите највисоки стандарди на ЕУ, се е 100% законски!

Доколку биде усвоен предлогот за дислокација на автомат клубовите и обложувалниците на 500 метри од основни и средни училишта, тоа ќе значи затворање на сите објекти во кои се организираат игри на среќа. Согласно постоечката инфраструктурна поставеност, одредено дистанцирање од едно училиште, ќе го приближи објектот до друго училиште. Ова е неспроведливо на терен. Ние ќе ги загубиме нашите работни места и ќе бидеме принудени да си ја бараме иднината надвор од границите на нашата Татковина, во западните земји, членки на ЕУ. Тоа значи дека 10 илјади луѓе на кои уредно им се исплатуваат плати, придонеси, додатоци за прекувремена работа, ќе останат на улица. Дури и за време на безбедносните мерки за заштита од пандемијата со „Ковид-19“, кога не одевме на работа, платите ни беа исплаќани во целост. Надлежните државни институции треба да бидат свесни дека најмалку 24 илјади граѓани преку нашите работни места обезбедуваат егзистенција, а истовремено секторот игри на среќа индиректно подржува и помага речиси 54 илјади работни места.

Апелираме до Владата и Собранието да не преземаат чекори кои дополнително ќе ја отежнат и онака тешката економска состојба во приватниот сектор кој е драматично погоден од светската пандемија со „Ковид-19“. Врвен национален приоритет треба да биде зачувувањето на секое работно место. Премиерот, министрите и пратениците треба да бидат свесни дека со затворањето на еден 100% легален сектор игри на среќа, ќе создадат услови за играње на црно, каде државата ќе нема никаква контрола, ниту буџетски приходи.

„Сакам да работам“ ќе се бори за вистината со сите демократски средства. Не сме против да се воведат дополнителни законски регулативи за подобра контрола, но укинувањето на секторот на игри на среќа е надвор од сите европски и светски стандарди. Подготвени сме преку масовни протести да ги браниме нашите права на работен однос!

Да живее 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот!, се вели во апелот на Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.

Би можело да ве интересира

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Внимателно со палењето оган на отворено, апелира ЦУК

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Мицкоски: Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени како сега од оваа најкорумпирана власт во Европа

Ана Ололовска

ССМ: Вработувањето на определено време да трае најмногу една година

Ана Ололовска

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме зачувување на илјадници работни места, поголеми плати и минималец повисок за 6.000 денари

Ана Ололовска