Заврши гроздоберот во Тиквешијата

Од:

Заврши бербата на грозје во најголемот лозаровнарски регион во државата, Тиквешкиот. Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари“ вели дека сега се сумираат резултатите од гроздоберот. Се утврдуваат количините набрано грозје, постигнатите цени и начинот на плаќање. Слободно може да се каже, нагласува тој за МИА, дека гроздоберската сезона помина без поголеми проблеми.

– Интересно е да се каже дека голем број на тиквешани својот годишен одмор што им следува на работното место, наместо на море, го искористија крај морето од лозја. Тоа го сторија оние кои имаат сопствени лозови насади, а не можеа да најдат аргати за бербата, поради тоа што голем дел од оние кои порано аргатуваат, сега работат во фабрика. Како второ, годишниот одмор го искористија за на гроздобер оние кои на работа имаат ниски плати, па решија да заработат денар плус со берба на грозје, бидејќи аргатските дневници достигнуваа и до илјада денари. Кој ти дава дваесет илјади денари за дваесет дена работа и тоа со нормално работно време, по ладовина, додава Кулев.

Тој се надева дека доаѓаат подобри денови за лозаровинарството. Вели дека за следната сезона, лозарите порано ќе ги почнат преговорите со винарите со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел повисоки цени за килограм грозје и побрза исплата.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за лозарите

Ана Ололовска

Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето

Горан Наумовски

Ковачевски: Постигнато историско зголемување на откупната цена за грозјето од 30%, земјоделството е приоритет во време на криза

Ана Ололовска

Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката

Ана Ололовска

Николовски: Историска поддршка за малите винарии, прифатено 61 барање за грантот до 10.000 евра

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Обезбедуваме значајна финансиска поддршка за производство и откуп на грозјето

Ана Ололовска