Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија предводена од директорот Љупчо Јаневски на покана на Националната туристичката организација на Србија и Министерство за трговија, туризам и телекомуникации, учествуваше на 9. Туристички форум на Србија во Палиќ.
Јаневски на форумот оствари средби со претставници на Асоцијацијата на туристички агенции на Србија (ЈУТА) и со преставници на повеќе регионални туристички организации.
– Ги споделуваме искуствата, гледаме што е ново во туризмот, какви се светските текови и разговаравме за тоа како да ја подигнеме соработката меѓу Македонија и Србија преку детектирање на потенцијалите и интегрирање заеднички производи во поглед на тоа што сакаат да видат туристите, изјави Јаневски.
Покрај тоа што пративме силна порака како треба заедно да ги интегрираме дестинациите, ги прецизиравме и начините како заеднички да се преставиме на туристичкиот пазар, дополни директорот.
– Следната недела продолжуваме во Скопје, каде со националните туристички организации на Србија и на Црна Гора ќе имаме трилатерален состанок за да изградиме заеднички производ. Тоа е „Патот на вранецот“ со кој ќе ја издигнеме винската култура и од 2019 година овој производ ќе го промовираме како една заедничка дестинација во западноевропските пазари и на третите пазари, рече Јаневски.
Времето на ниските цени, продавањето само соби е веќе завршено во светски рамки. Повеќе се размислува за содржините кои се нудат, за дополнителните туристички производи и за се што треба да се направи за да се задржат туристите уште ден-два на дестинацијата на која престојуваат, констатираа на средбите македонските и српските туристички работници.