Започнува ново издание на Виртуелна берза

Од:

Од утре ќе започне со функционирање едукативниот портал на Македонската берза ВИРТУЕЛНА БЕРЗА.

Порталот е наменет за сите оние кои сакаат да стекнат искуство при тргување со хартии од вредност и да бидат подготвени за вистинско тргување на Македонската берза.

Виртуелната берза претставува симулација на вистинското тргување на Македонската берза, бидејќи со виртуелни пари се купуваат, продаваат и вреднуваат вистински хартии од вредност што се тргуваат на Македонската берза.

Овогодинешниот циклус на Виртуелната берза ќе трае од 15.10.2013 година до 30.06.2014 година, по што ќе следи прогласување на тројца најуспешни учесници коишто имаат остварено најголема вредност на своето портфолио. Македонската берза на добитниците на првите три места ќе им додели соодветни награди.

Би можело да ве интересира

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Биткоинот паѓа: Пазарот на криптовалути „во црвено“

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни