Започна трката во Европа кој ќе произведе повеќе бакар и литум, Македонија стои во место

Од:

Франција, Германија и Италија повикаа приватните инвеститори да се прилагодат кон развојот на производството на т.н. критични минерални суровини, зашто трите земји веќе подготвуваат инвестициски фондови од 2,5 милијарди евра за оваа намена. Како што пишува Еуроњуз, трите земји на ЕУ заеднички ќе ги финансираат домашните рударски процеси за да обезбедат доволно метали за енергетската транзиција што ја спроведува Унијата. Фондот за рударството на Франција, Германија и Италија се очекува да биде достапен веќе летово и ќе се фокусира на повеќе од 30 критични минерали, согласно Директивата на ЕУ за критични суровини, но во центарот ќе бидат литиумот и бакарот.

Европската Комисија неодамна го вклучи бакарот на листата на критични суровини и одлучи да го стимулира неговото производство на континентот. ЕУ постави цели до 2030 година за домашно производство на минерали потребни за нејзината зелена транзиција – 10% од домашно производство, 25% од рециклирање и 40% преку преработка на минералот во Европа. Европските еко-активисти ја поздравија одлуката на Брисел за постигнување на климатските цели до 2050 година. Унијата се стреми да биде климатски неутрална и да има економија и индустрија со нула емисии на штетни гасови.

Поради зголемената побарувачка за бакар ширум Европа и светот, цената на оваа метална суровина руши рекорди. Бакарот почна да се продава за 10.000 долари за тон, достигнувајќи ново двегодишно највисоко ниво. Прогнозите покажуваат дека цената ќе продолжи да расте. Според извештајот на BMI, објавен на почетокот на годинава, цените на бакарот се очекува да пораснат за повеќе од 75 отсто во следните две години поради дисбалансот во понудата на рударството и поголемата побарувачка за металот, поттикната од притисокот за остварувањето на целите од зелената агенда.

-Владата на Франција обезбедува 500 милиони евра за националниот фонд за минерали во земјата, а остатокот ќе се обезбеди преку приватниот фонд Инфравиа Капитал Партнерс, со крајна цел да се соберат 2 милијарди евра. Фондот ќе го покрие целиот синџир – рударство, преработка и рециклирање, но под услов државата да „преземе малцински удел во проектите“, изјави Бенјамин Гаселот, советник за енергетика на францускиот премиер.

-Владата на Италија веќе го основа националниот фонд „Произведено во Италија“ минатиот декември со една милијарда евра, но очекуваме еднаков придонес од приватен инвеститор со „најмалку 1 милијарда евра“. Предвидуваме проекти кои се главно капитални инвестиции. Италијанскиот фонд е дизајниран да го поддржи националниот синџир на снабдување, во врска со рециклирањето и рударството. Треба да се забрза процесот на енергетска транзиција, изјави Алберто Кастроново од Министерството за претприемништво на Италија.

-Сакаме да го поддржиме снабдувањето на Европа, на Германија, а за тоа имаме 1 милијарда евра од германската влада како капитал. Нашата улога е да настапиме како помал изведувач. Следува да формираме Агенција за суровини, предводена од Владата, каде што сите проекти ќе бидат разгледувани и на крајот одобрени, изјави Јан Класен од германската Развојна банка.

Претставниците на Франција, Италија и Германија ги презентираа своите планови на заеднички настан во Брисел, каде истакнаа дека фондовите меѓусебно ќе соработуваат, па дури и со заеднички проекти, за да може да се оствари поставената цел за климатски неутрална Европа.

Во трката за производство на металите активно најави дека ќе се вклучи и Ирска. Според Институтот за геолози на Ирска (ИГИ), со својот богат геолошки пејсаж и воспоставените процедури за издавање дозволи и регулатива, Ирска може да биде клучна земја-членка која ќе и помогне на ЕУ да ги исполни своите цели.

-Повеќето од европските земји имаат ограничено искуство во рударството во последните три децении во споредба со Ирска каде што рударството еволуирало од 1960-тите. Јасно е дека Ирска може да го искористи ова искуство за да одигра значајна улога во потрагата на Европа да обезбеди критични суровини. Со потенцијалните наоѓалишта на бакар, литиум, барит, антимон и арсен кои чекаат да бидат истражени, улогата на Ирска во диверзификацијата на снабдувањето со суровини во ЕУ е најважна“, истакна Емер Блеквел од ирскиот Геолошки институт.

Претходно и од Европскиот институт за иновации и технологии (ЕИТ), кој е формиран од страна на Европската Унија, повикаа да не се губи време.

Додека регионот и Европа се подготвуваат за остварување на зелената агенда во Македонија нов рудник се нема отворено изминатите 40 години, а со низа пречки се соочуваат сите најави за инвестиции во рударството. Експертите повеќе пати ги повикаа властите да изготват национална стратегија за рударската индустрија. Компаниите кои сакаат да инвестираат посочуваат дека најголем проблем претставува правната несигурност, која пак е предизвикана поради притисоци од дел од јавноста. Изминатиов период нереализирани останаа најавите за рудник за бакар на Кожув на канадската фирма „Резервоар минералс“, потоа рудникот за бакар во Казандол на англиско-украинскиот конзорциум Сардич, која според пишувањата веќе добила пресуда против Македонија во меѓународна арбитража. Сега се очекува да се дознае каква ќе биде иднината на инвестицијата за рудник за бакар во Иловица на канадската компанија Трафигура. Дел од експертите веќе апелираа оваа стопанска гранка да не се става во контекст на дневно-политичка агенда и предизборни калкулации. Тие додаваат дека изградбата на рудниците е прашање на иднината од кое зависи и економската стабилност на државата и нивната работа надминува еден политички мандат на Собрание, Влада, Претседател, градоначалници и локални совети. Воедно, ЕУ, во врска со интеграцијата на Западниот Балкан во индустриските синџири на снабдување, веќе предвиде и земјите-кандидати да бидат дел од директивата за критични суровини и вети поддршка за развој на индустриската гранка.

ПР текст

Би можело да ве интересира

СДСМ: Брука, инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ

Вучиќ: Милиони се уфрлени во Србија со цел да се дестабилизира државата и да ме соборат

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Демонстрантите и туркаа сендвич пред устата на новинарката на Информер, осудени се на затворска казна

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Во Србија власта нема да се менува со насилство на улица

Катерина Ѓуровски

Шолц итно патува во Србија, ќе потпише договор со Вучиќ тврди Политико

Британија сака да биде дел од „успешната приказна на Србија“ со литиумот

Предраг Петровиќ