Заев: Странските инвестиции постојано се зголемуваат

Од:

Странските инвестиции се на рекордно ниво и во годината во која се се бориме со корона кризата има нови 12 директни странски инвестиции вели премиерот Зоран Заев.

„Во 2018 година го надминавме рекордот на странски инвестиции, со 625 милиони евра нето странски инвестиции, со девизен прилив во државата. Во 2019 година, над 300 милиони евра. Оваа година се случи корона кризата, сепак имаме 12 директни странски инвестиции, кои се во фаза на реализација, на потпишување на договори или во фаза на преговори. Една е инвестицијата на Кромберт и Шуберт, со сосема нов погон, инвестиција, дуплирање на сите капацитети низ територијата на целата држава. Дополнително, нова инвестиција е Дура, поголема од 100 милиони евра, Магна во Струга, Костел со втората инвестиција во државата, и многу други странски компании“, вели Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?