Заев најави нов пакет мерки за привлекување странски инвестиции

Од:

Условите за странските инвеститори во Македонија континуирано се подобруваат, а така продолжува и новата Влада, најави премиерот Зоран Заев на денешната средба со германските инвеститори, членки на Македонско-стопанско здружение.

– Продолжуваме да ви служиме во надминување на сите проблеми. Сметајте на нашата поддршка за секоја ваша идеја тука сме да ја охрабриме. Ако не се најде решение во прв чекор, сигурно ќе се најде во втор, порача премиерот Заев.

Најави дека утре ќе биде објавен нов пакет мерки за привлекување странски инвестиции кои, како што рече, претежно ќе биде наменет за нови инвеститори, но ќе се однесува и за старите. Измените во новиот пакет ќе бидат во насока на поголемо стимулирање на компаниите што повеќе вложуваат во развојот, а тоа, како што кажа, ќе се контролира од завршната сметка. Ги повика странските инвеститори во наредниов период да помогнат во изнаоѓање решенија за од Нова година да почнат да функционираат новите мерки.

Стимулација, како што кажа, ќе има и за зголемување на извозот на компаниите и вети барање на секакви начини за да се намалат административните бариери и инвеститорите своето внимание да го насочат кон развој и создавање на профит.

Претставникот на Германската стопанска комора Патрик Мартенс нагласи дека Комората во наредниот период ќе биде фокусирана на подобрување на стручното образование во земјава и додаде дека наскоро во Македонија ќе дојдат инструктори кои ќе вршат обука во претпријатијата со цел да се создаде стручна работна сила.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада