Заев на Фејсбук вели дека просечната плата расте, предвидува дека ќе продолжи да расте

Од:

Продолжува растот на просечната плата. Во април годинава таа изнесувала 28.438 денари, што е зголемување од 10,1 отсто или за 2.608 денари во споредба со април 2020, кога била 25.830 денари, објави денеска премиерот Зоран Заев на својата страница на Фејсбук.

-Согласно податоците од Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,0%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7%), напиша Заев.

Платите, предидува тој, ќе растат и понатаму, бидејќи „се грижиме за сите граѓани подеднакво“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург