Заев и Димовски: Владините мерки се поддршка за приватниот сектор и за заштита на работните места и правата на работниците

Од:

Постои волја за унапредување на социјалниот дијалог, кој е издигнат на високо ниво во изминатиот период, со цел да се придонесе за унапредување и заштита на работничките права и обезбедување поголема социјална сигурност во кризните услови предизвикани од КОВИД-19, констатираа премиерот Зоран Заев и делегацијата на Сојузот на синдикатите на Македонја (ССМ) предводена од претседателот Дарко Димовски на денешната средба во Владата.

Учесниците на средбата, инфомираат од владината прес-служба, го поздравија напредокот на социјалниот дијалог, меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како единствена движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и подобрување на квалитетот на сите граѓани.

На средбата беше разговарано и за активностите на ССМ со посебен фокус на прашања кои се отвораат и кои е потребно да се регулираат во новиот Закон за работни односи за време на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, како и интервентни измени во постоечкиот Закон како одговор на сегашните предизвици на пазарот на трудот.

Премиерот Заев истакна дека Владата останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, посебно нагласувајќи дека задоволните работници ја движат државата напред и истакнувајќи ја улогата и партнерскиот однос со синдикатите и работодавачите.

Претставниците на Сојузот на синдикатите изразија поддршка за мерките кои Владата ги носи за обезбедување поголема сигурност и подобрувањето на животниот стандард на работниците, за надминување на актуелната криза и обезбедување на егзистенција на сите работници, компании и граѓани.

Би можело да ве интересира

Европската конфедерација на синдикати со поддршка на ССМ, за случувањата во Македонија ќе ја известат Европската Комисија

Трендафилов: За да го вратиме балансот, излегуваме на улица

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ никој не му треба кога е на власт

Горан Наумовски

Трендафилов се појави со Собранието, ни не се сретна „за координација“ со пратеникот Петрушевски

Левица: Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го достаvime предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Катерина Ѓуровски