(ВИДЕО) Заев: Гасификацијата се одвива со добро темпо

Од:

Северна Македонија е на европскиот енергетски колосек, а развојот на енергетиката е цврста гаранција за одржлив економски раст на долг рок, порача премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на Македонскиот енергетски форум 2019, што годинава се одржува под мотото „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“.

Тој посочи дека земјава ја започна енергетската транзиција со носењето на новиот Закон за енергетика. Истакна дека диверзитетот во снабдувањето со енергија е клучен за развојот на државата.

-Ефикасната транзиција на земјата кон конкурентна економија ќе ја забрзаме со реализација на диверзификацијата во снабдувањето со зголемувањето на конкуренцијата на енергетските пазари и со зголемувањето на искористувањето на обновливите извори на енергија. Во таа насока од особено значење е обезбедувањето сигурност и континуитет во снабдувањето со енергија на домаќинствата и компаниите, намалување на емисиите на стакленичките гасови и подобрување на општата состојба на животната средина, рече Заев.

Нагласи дека изградбата на гасоводите и гасоводните системи се одвива со добро темпо и додаде дека дел од општините веќе имаат подготвено документација за изградба на дистрибутивните системи на природен гас, а во финална фаза влегува и процесот на изградба на интерконективно поврзување со гасоводниот систем на Република Грција.

-Со тоа добиваме уште една можност за снабдување со природен гас од Азербејџан и истовремено и можност за поврзување со ЛНГ, посочи Заев.

Вршителот на должност абмасадор на САД во Република Северна Македонија, Микаела Швајцер Блум посочи дека САД и досега го поддржувале, а и понатаму ќе продолжат со поддршката на развојот на енергетскиот сектор во Северна Македонија.

-Американската енергетска технологија е вклопена во некои од најважните енергетски инфраструктури во регионот и пошироко во Европа.Таков пример е и соработката со Грција за увоз на американски ЛНГ гас односно течен природен гас и во оваа насока ја поздравуваме вашата соработка со Грција и изградбата на интерконектор за природен гас, рече Швајцер Блум.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?