Секаде каде се постигнуваат поени, се тресат мрежи, се рушат рекорди и се остава срцето на терен, таму е и компанијата Mozzart.
Региналниот лидер во приредување игри на среќа, е секогаш со талентираните спортисти, а овојпат поддршката отиде кај атлетичарите на АК Делта.
“Навистина сме благодарни што како општествено-одговорна компанија, Mozzart го препознаа успехот и потенцијалот на нашите младински рекордери и одлучија целосно да ги финансиираат нивните подготовки. Ова за нас е од особено значење земајќи во предвид дека во Македонија немаме соодветни услови за подготовки во зима бидејќи немаме атлетска сала, и поради тоа мораме да се подготвуваме и настапуваме на натпревари во Белград”, изјави Александар Стојановски, претседател на АК Делта.
АК Делта во последните четири години е прогласен за најдобар атлетски клуб во Македонија во севкупна категорија, а исто така и во индивидуална, што беше дополнителен мотив на компанијата Mozzart да ги поддржи младите таленти на нивниот пат до успехот.
„Кога станува збор за поддршка на спортот, а особено на млади таленти, нашата Компанија е секогаш расположена да помогне. Токму поради тоа барањето од АК Делта веднаш беше прифатено. Сега, со поддршка на Mozzart, младите атлетичари со сигурност ќе истрчаат први до целта”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Помошта на Mozzart до сега стигна до бројни клубови ширум земјата. Лидерот во организирање игри на среќа и следната година ќе продолжи со истото темпо, се со цел што повеќе млади да добијат можност да тренираат и да напредуваат.