За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Од:

Богатството на супербогатиот ко-основач на Фејсбук Марк Закерберг се стопи за повеќе од шест милијарди долари за неколку часа по падот на цената на акциите на компанијата како резултат на критиките за нејзината политика, во комбинација со глобалниот колапс на пристапот до услугите.

Акциите на Фејсбук, една од водечките компании во Nasdaq индексот на високотехнолошките компании, паднаа за речиси пет проценти до 326,23 долари. Откако го достигна врвот во почетокот на септември, акциите загубија 15 проценти од својата вредност.

Социјалната мрежа е обвинета дека го става профитот пред безбедноста, откако внатрешна истрага откри дека нејзината платформа Инстаграм негативно влијаела на тинејџерките. Додадено на ова беше големиот прекин синоќа на пристапот до четири негови мрежи – Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месинџер, кои обично ги посетуваат околу 3,5 милијарди луѓе ширум светот месечно. Како резултат на падот на акциите, 37-годишниот Марк Закерберг загуби повеќе од шест милијарди долари за само неколку часа, што го намали неговото богатство на 121,6 милијарди, јави Блумберг. Неговите загуби од средината на септември до денес изнесуваат 15 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

Профитот на Фејсбук поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Ана Ололовска

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Ана Ололовска

Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

Ана Ололовска

Половина од вработените во Фејсбук ќе работат од дома

Ана Ололовска