За купување земјиште под оранжерии неопходна е проценка од Бирото за судски вештачења

Од:

За 11 дена завршува Јавниот повик за купување државно земјоделско земјиште под оранжерии, соопшти денеска Министерството за земјоделство.

Како што изјави Трајан Димковски, шеф на кабинет во МЗШВ, многу е важно земјоделците заинтересирани за откуп, во потребната документација да достават и проценки за вредноста на земјиштето направени од Бирото за судски вештачења.

– Сите сопственици на оранжерии заинтересирани да го откупат земјиштето, да го запазат рокот, 18 август, и да достават комплетна документација. Ова е важно за Комисијата да постапи навреме и да има што поголем број прифатени понуди. Цената на земјиштето се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство, донесена кон крајот на јануари оваа година, апелира Димнковски.

На јавниот повик може да аплицираат сите што имаат легализиран објект во функција на земјоделско производство.

Ова е прв ваков јавен повик на кој се очекува барања за откуп да достават околу 40 земјоделци. Досега се поднесени само две барања.

– До крајот на годината е планирано да се објават уште два повика. Ова е нова политика за стопанисување со државното земјоделско земјиште. Ќе ги согледаме резултатите по што планираме нови огласи за продажба на земјиштето и тоа под лозови и други повеќегодишни култури, истакна Димковски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп