За грчкaтa опозициja договорот со еврозоната е враќање назад

Од:

Грчките опозициски партии Нова демократија и ПАСОК ја обвинија Владата дека ја враќа земјата назад, откако министрите за финансии на еврозоната го одобрија пакетот предлози на владејачката коалицијата, по што беше одобрено четиримесечно продолжување на договор за финансирање.

– На крајот, ја сретнавме СИРИЗА на излезот од меморандумот. Ние си заминувавме кога тие брзаа да влезат, рече лидерот на Нова демократија, Андонис Самарас.

Според него, многу од предлозите на Владата се исти како оние што ги изготвила неговата администрација, и кои тогашниот министер за финансии Гикас Хардувелис преку и-меил им ги испратил на претставниците на тројката.

– И-меилот испратен од страна на Варуфакис служи како мост кон нов меморандум, додека Владата на Самарас беше на пат кон излез од меморандумот и да се пресели во превентивна кредитна линија која ќе дозволеше да се позајмува од пазарите, се вели во писмената изјава на Самарас.

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос исто така го критикуваше начинот на кој Владата ги водела преговорите.

– Токму кога бевме подготвени да излеземе од меморандумот и да ја преземеме претпазливата кредитна линија со многу поповолни услови, ние сме заглавени со стариот меморандум со месеци и се подготвуваат за трет меморандум од јули, изјави поранешниот заменик-премиер

Венизелос посочи дека тоа што Владата сама го изготвила списокот со предлози не било предност, туку потег од страна на грчките кредитори со цел да се „казни“ сегашната владејачка коалиција.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он